Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште добија современо мултифункционално спортско игралиште, реконструирано со поддршка на Министерството за спорт и Владата, во соработка со Општина Сопиште.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, денеска го пуштија во употреба новиот спортски простор, кој се наоѓа наспроти општинската зграда.

Игралиштето располага со терени за фудбал, ракомет и кошарка, современа спортска опрема, трибина и заштитна ограда.

Министерот Ристовски истакна дека изградбата и реконструкцијата на спортската инфраструктура остануваат меѓу приоритетите на Министерството за спорт, со цел современите услови за спортување да бидат достапни во сите општини.

„Секое ново игралиште значи нова можност едно дете да го избере спортот, наместо пасивноста. Значи нов простор за младите каде може да спортуваат и правилно да се развиваат. Без основни услови не може да зборуваме ни за професионален спорт, ниту пак за правилен развој на младите кои овде ги направат првите чекори во спортот. Како Министерство за спорт, со силна поддршка од Владата, продолжуваме да инвестираме во спортската инфраструктура и да работиме на терен, таму каде што граѓаните ги чувствуваат резултатите“ – порача Ристовски.

Текстот Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште е превземен од МАКФАКС.