Сообраќајна незгода попладнево во Штип – автомобил се удрил во товарно возило

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, близу Здравствениот дом во Штип. Настанот се случил околу 15:00 часот, кога патнички автомобил се удрил во товарно моторно возило кое извршувало работни задачи. Возачот не е повреден, само причинета е голема материјална штета. Незгодата ја потврдија и од Секторот за внатрешни работи од каде екипа вршеше увид на терен.

Ребека Спасова М-Нет