
Вчера во 15.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Кочани-Пониква, во близина на „Градската депонија“ , Љ.Г.(54) од с.Лешки, кочанско, управувајќи мопед марка „томос АПН 6“ со штипски регистарски ознаки, излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоцилистот и бил пренесен во Здравствениот дом Кочани за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.