
Сонот на штипјани поставен по улиците во град Штип. Утринава по тротоарите во централното градско подрачје, осамнаа табли на кои со реченица или две беа испишани соновите на штипјани.
„Проодни тротоари обележани пешачки премини и рампи за инвалидните лица. Сега сите можеме слободно да се движиме.“ или Нема повеќе хартија и пластични шишиња по улиците и парковите“ како и Штип се развил во модерен и напреден град“ беа дел од пораките кои од засега непознати сторители се нашле по тротоарите во градот под Исарот. Герил акцијата остави можност штипјани пред себе да видат што сонуваат. Со илустрации нивниот сон го дознаа сите. По неколку часа од поставеноста на овие пораки дел од нив своето место го имаа пронајдено во тревата, бидејќи дали сакајќи или не некој ги имаше турнато и така оставено. Но, пак ќе споменам непознато сеуште кој и зошто. Непозната е причината но очигледен е фактот дека на ироничен начин е прикажано како треба да изгледа Штип а не изгледа. На штипјани пак ова беше предизвик да застанат за момент свртувајќи го погледот кон поставените плакати и да се запрашаат кој е навистина нивниот сон.
Лаура Стојанова М-Нет