Соколи од Штип ќе бараат три од три против Борец Баскет, дерви на Охрид и Академија ФМП, Маџари домаќин на Ангели

Викендот ќе се одиграат натпреварите од третото коло во Втората кошаркарска лига, а кошаркарите на Соколи од Штип ќе гостуваат кај екипата на Борец Баскет, каде штипјани ќе атакуваат на три од три за одличен старт на новата сезона.

Штипските кошаркарки започнаа одлично и забележаа две победи на стартот од сезоната, додека пак Мега Баскет ќе бара втора победа, откако на стартот од сезоната бележи триумф и пораз.

Третата рунда го носи и дербито меѓу ланските прволигаши Охрид и Академија ФМП, а интересно е тоа што овие две екипи немаат триумф во новата сезона како второлигаши, па всушност во „Билјанини Извори“ ќе се бара првата радост и кај двете екипи.

Мега Баскет на домашен терен ќе се соочи со МЗТ Скопје кој ќе бидат фаворит за нов триумф, Работнички на домашен терен како фаворит ќе го пречека Црн Дрим во меч каде и двете екипи ќе ја бараат втората победа.

Дербито на колото ќе го одиграат Маџари и Ангели, две екипи кои во новата сезона сакаат пласман во Првата лига, сакаат место во елитата, а на стартот од сезоната запишаа по две убедливи победи. Маџари е лидер на табелата со четири бодови, колку што има и Ангели кој е втор. Овој меч може да го даде и новиот лидер на табелата, но може Маџари и да се зацврсти на врвот од табелата.

Бутел на домашен терен ќе игра против Водно Санс каде и двете екипи ќе бараат прво сезонско славје, откако сезоната ја отворија со порази.

Александар Ванев, М-Нет