Смоквоски ќе им суди на Вардарски и Осогово, Иванов на Башкими и Брегалница

Во сабота ќе се одиграат натпреварите од последното есенско коло во Втората македонска фудбалска лига. Натпреварите ќе започнат во 13 часот, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на овие возбудливи дуели.

Владимир Ѓорѓиевски ќе суди на натпреварот меѓу Арсими и Вардар Неготино, Фатмир Бафто ќе го води мечот помеѓу Беласица и лидерот Македонија ЃП во Струмица на стадионот „Благој Истатов“. Доне Ристовски ќе ги следи случувањата на теренот во Охрид каде ќе се соочат Охрид и Борец, додека Игор Иванов ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Башкими и Брегалница.

Дејан Младеновски ќе го суди дуелот во Прилеп каде ќе се сретнат Победа и Детонит Плачковица. Пларент Салихи ќе им суди на Новаци и Кожуф, а Марјан Дејановски ќе биде главен судија на натпреварот Каменица Саса – Скопје, додека Кирил Смоквоски ќе ја дели правдата на дуелот помеѓу Вардарски и Осогово.

Александар Ванев, М-Нет