
Преголеми очекувања, луксузен живот и големи потреби, можат да бидам причина за многу проблеми по кажувањето на судбоносното ДА. Потребно е разумност и баланс за да се надминат несаканите конфликти, велат штипјани и согласно ја додаваат изреката каде има слога, таму има Бога.
“Да се сакаш, тоа најважно.”
“Да се слагат двајца“
“Ако имаш слога, имаш се, ако немаш слога, тоа брак не е“
Некогаш финасиите не беа од важност, а со тоа немаше и причини за развод, истакнаа анкетираните граѓани пред камерите на М-нет тв и велат дека за вистинската љубов истите немаат вредност.
“Тај што се сака, пари не му влијаат . На наше време ние немавме ниту пари, ниту ништо, па немаше развод брак, а сега е модерно“
“Ако немаш пари, немаш ништо. Здравје само“
“Па кај некој може, кај некој не
Како во животот, така и во бракот има успеси и падови. Во секој успешен брак партнерите знаат и се учат заедно како да се справат со секојдневните проблеми, кој судбината знае да ги скрои. Важни останаа препораките од повозрасните како: никогаш не го лажете вашиот партер и не му ветувајте нешто што не можете да го исполнете, бидејќи многу бракови останале завршени како дел од причината заради нешто ветено, а неисполнето. Колку денес бракот знае да се цени, останува само прашање на кое сите треба да му пристапиме и да си одговориме.
Лаура Стојанова, М-Нет