Слога Виница по прва победа против Хоризонт Турново, дерби во Берово на Малеш и Брегалница од Делчево, Саса пред предизвик

Шестото коло на Трета лига регион 3 го носи големото дерби во Берово меѓу Малеш и Брегалница од Делчево, дерби за кое живеат љуботелите на фудбалот од овие два града, навивачите, но и целата спортска јавност, дерби кое речиси со сигурност ќе го наполни стадионот во Берово со поддржувачи и навивачите за двата клуба.

Победата е императив и престиж, трите бодови ќе овозможат и едните и другите да го напаѓаат првото место.

Слога пред домашната публика во Виница ќе ја бара првата сезонска победа против екс прволигашот Хоризонт Турново, а пак лидерот Огражден ќе има тешко гостување во Свети Николе кај Овче Поле.

За домаќинот ова е тест за тоа колку тимот може резултатски да се стабилизира бидејќи веќе има сериозна разлика од врвот. Гостинот од Ново Село со 13 бодови е на првото место, а пак Овче Поле на шестото место со само шест бодови.

Ланскиот второлигашот Каменица Саса ќе биде пред сериозен предизвик против Победа од Валандово, „рударите“ сакаат да ги поразот „калинкарите“ кои минатата сезона беа шампиони, но не го поминаа баражот за Втора лига.

Меч сличен на тој од Свети Николе, каде тимот на Саса не смее да погрешки бидејќи има пет бодови на своето конто и победата е важен за да може да се доближи до врвот.

Дерби на Југот ќе се игра во Пирава меѓу Ударник и Дојранско Езеро, домаќинот сака да ја пронајде победничката форма од минатата сезона, а пак гостинот од Дојран се надева на позитивен исход на оваа неизвесно гостување и на терен каде тешко се освојуваат бодови.

Александар Ванев, М-Нет