Слободен дебитираше во Купот на Македонија, клуб со голема организација кој најавува пласман во Трета лига – Север!

Четвртолигашот Слободен вчера дебитираше во фудбалскиот Куп на Македонија во меч против штипска Брегалница кој го загуби со 0:6, натпревар кој можевте да го следите само на спортскиот канал М Нет Спорт.

За Слободен овој меч беше потврда за одличната организација во тимот, можноста и важноста да еден ваков клуб биде домаќин на Куп натпревар.

Сите во клубот Слободен со нетрпение го очекувале овој натпревар кој практично за овој клуб е натпревар од највисок ранг. Клубот се подготвувал максимално со цел да се покаже како добар домаќин и кон М Нет телевизија како медиум кој ексклузивно го пренесуваше овој меч во живо на спортскиот канал.

Јакимовски рече дека клубот е подготвен за новата сезона во Општинската фудбалска лига во Кисела Вода или Четврта лига, а клубот најавува борба за влез во Трета лига – Север.

Слободен покрај клуб во машка конкуренција има клуб и во женска конкуренција, кој се натпреварува во Втора женска фудбалска лига, а кој исто така е дебитант во оваа натпреварување.

Александар Ванев, М-Нет