
Следниот месец ќе биде исплатата на млекото на сточарите за првиот квартал од оваа година. Како што истакна потпретседателот на асоцијацијата на земјоделци Гоце Серафимов, ова ќе биде добра можност за сточарите, имајќи во предвид дека периодов тие се обзебедуваат со доволно количина на храна. Додава дека по оваа исплата, ќе следуваат субвенциите за овчарите, јагнето, како и за јачменот и пченицата.
,,Сега во овој момент најмногу се потребни пари за сточарите за да си купат навреме храна, затоа што сега е екот на жетвата на јачменот, на детелината, така што тие пари ќе им бидат добредојдени. Како што имам јас информации од вчера се исплатени субвенциите за останати по 8.000 по грло од крава и поголем дел за продадено млеко. На ред се сега за исплаќање за субвенции за овчарите, јагнето, како и по 12.000 по хектар за предадена пченица и јачмен “, рече Серафимов
Серафимов останува дециден дека ситуацијата на сточарите оваа година е подобра за разлика од претходните години. Се зголемува субвенцијата на млекото.
Со продолжувањето на финансиската помош и субвенциите за млеко, како и други клучни производи, земјоделците можат да се надеваат на стабилност во овие предизвикувачки времиња.
Иван Митев, М-Нет