
Слаба раздвиженост повторно на пазарот во Штип. И оние кои што излегоа, пазарот го оценија како скап. Се купуваше според потребата, ама најмногу костени и јаткасти плодови, кои граѓаните велат дека ги печат дури оганот е разгорен во ледената зима. Едногласни се тие дека ќесето се пополека се празни, па за оние кои што имаат ниски примања велат воопшто да не доаѓаат овој петок.
Продавачите велат дека производи има, но со оглед фактот на студенот бран сепак се задоволни од излезеноста, бидејќи мразот и снегот си го прават своето.
Инаку, покрај јаткастите плодови граѓаните купуваа и овошје и тоа најмно мандарини, киви и портокали. Сеуште можеше да се најде и праз, за оние кои што немаат купено уште од есента.
Лаура Стојанова, М-Нет