
Скијачката сезона на Пониква од денеска веќе е отворена. Пуштен е во функција ски лифотот 1, во наредните денови се очекува да биде пуштен во функција и ски лифотот 3, а од викендот се предвидува и ноќно скијање. Снегот и покрај тоа што доцни ги задоволува условите за скијање и санкање, а има можности и за вештачки снег.
„Од денеска започнува скијачката сезона на Пониква, снегот малку задоцни, но сепак пристигна. Започна со работа ски лифт 1 и се надеваме дека ќе има и туристи. Веќе има околу 10 сантиметри и денеска провејува слаб снег, патот е чист, има снег за скијање и санкање, се надеваме дека деновиве ќе се пушти и ски лифотот 3. Ќе организираме ноќни скијања.“ – вели Стојков.
Има доволно паркинг места, а зголемен е и сместувачкиот капциетет, со што се очекува зголемен број на посетители кои доаѓаат од цела Македонија.
„Располага Пониква со повеќе смествувачки капацитети, има доволно капацитети за да дојдат посетители. Капациетети веќе се полни“ – додава Стојков.
Патот од Кочани кон Пониква е чист и прооден за возила. Од Македонија пат информираат дека во моментот располагаат со четири возила опремени со плуг и со соларка кои се доволни за ситуацијата да се држи под контрола во текот на целата сезона.
Лаура Стојанова М-Нет