
Денешниот пазарен ден во Кочани за купувачите скап, за продавачите ефтин, но и празен. Производство имаше, но купувачи не доволно велат продавачите. Според нив граѓаните се портошиле во претходинот месец и за празниците па сега по рретко се купува. Нема ниту доволно народ, па согласни дека не се егзистира од продажба на тезгите на пазарот.
„Од тезгата не се преживува затоа што ефтино е многу, треба да е дупло за да опстане човек“
„Кај мене лично е нормално како и исте пазари, сега февруари јануари потрошени се луѓето немаат доволно средства и затоа пазарот е слаб.“
Купувачите пак велат пазарот е скап, цените на производите многу високи. Треба да се јаде и да се купат основни производи за исхрана, ама можностите се мали.
„Цените се доста високи спрема стандарот особено за луѓето кои имаат помали примања. Цените се многу високи и не се достапни за секој човек да си купи производи“
„Еден килограм суви сливи 350 денари, тоа ви е како три ипол килограми зејтин. Се е со покачена цена“
Првиот пазарен четврток во месец февруари во Кочани имаше делумна раздвиженост. Дополнително зголемување на цените на производите со претходинот четврток нема. Најмногу се бараше овошјето и зеленчукот, но се нудеше и чај, мед, како и ориз и грав.
Лаура Стојанова М-Нет