
Скап и овој петочен штипски пазар. Граѓаните ги полнеа торбите со сезонско овошје, а најзабележително беше што на тезгите сè повеќе се бараа круши, банани и лимони. За разлика од претходниот период, кога доматите и пиперките беа меѓу најбараните производи, сега вниманието на купувачите е насочено кон овошјето. И покрај разновидната понуда, граѓаните внимателно избираат што ќе купат и ги споредуваат цените.
Производителите тврдат спротивно, велат дека токму денешниот пазар е најевтин во последните неколку месеци, па затоа граѓаните ги полнат торбите и количките, се снабдуваат и за секојдневна исхрана и за подготовка на зимница.
И едните и другите велат дека земјоделската мака е голема. Додека едни ја разбираат тешката работа на производителите, други гледаат да поминат што поевтино. Но, како што велат пазарџиите, за некого е евтино, за некого скапо, а на крајот на денот мора да се купува и да се јаде.
Ева Тушевска, М-Нет