Скапи ли им се на штипјани домашните млечни производи?

Домашно сирење, урда и млеко на штипскиот пазар се продаваат по прифатлива цена. Една грутка домашно кравјо сирење чини 400 денари, а грутка козјо сирење 350 денари. Производителите сметаат дека цената е реална, и соодвествува со квалитетот на домашните млечни производи, дополнуваат дека има интерес кај купувачите поради квалитетот и вкусот на домашните производи и се особено ценети поради традиционалниот начин на производство.

Потрошувачи согласни со производителите, сметаат дека цените се реални и дека за такви домашни производи вреди да се издвои повеќе. Тие додаваат дека цената варива во зависност од местото на купување, квалитетот на производот и самиот производител. Граѓаните велат дека секој фармер е со своја математика, па најдобро знае што и колку да продаде, а она што тие треба да го направат е да се одлучат помеѓу видот на сирењето.

Домашните млечни производи и понатаму остануваат меѓу основните намирници во домакинството и дел од понудата за која граѓаните се подготвени да издвојат повеќе средства.

Eва Тушевска, М-Нет