Скапи или реални цените на пазарот во Штип – купувачите велат скапи, продавачите дека цените се реални

Скапи или реални цените на денешниот пазарен ден пред празникот Света Петка на пазарот во Штип?

Купувачите со поделени мислења, едни велат цените се реални, другите дека се скапи, ниските месечни пирмања одраз за ваквата ситуацијата. И едните и другите се согласни, скапо, евтино, мора да се јаде.

Продавачите од тезгите велат дека цените се пониски од минатите петоци, а од овој петок дополнително велат почна продажбата и на трпезното грозје, кое се троши како алва од утринава.

Граѓаните дополнително купуваа, свеж чај, домашни јајца, млеко, се снабдуваа со везен пипер за во буре или во тегла, а допонително разгледуваа можност да купат ајварски пипер за подгтоовка на зимница.

Иван Митев, М-Нет