
Кожното одделение во штипската болница – испразнето, но речиси 93% од ковид – позитивните пациенти на Инфективното одделение се на кислородна поддршка. Вкупниот број хоспитализирани таму се 40, а двајца дошле и во дневната болница. Од нив 13 се вакцинирани. Испишани и оздравени се двајца пациенти, а новопримени тројца. На Инфективното одделение има 21 слободно место, а на Кожното одделение – девет, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
И во кочанската болница е намален бројот на ковид – позитивни пациенти. Таму има седум и сите се невакцинирани. Бројот на испишани пациенти се два, новопримени се исто така двајца. Со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка се тројца пациенти. Слободни се дури 20 кревети на Интерното одделение кое работи како ковид – оддел, информираат од болницата.
На ниво на општините од Истокот бројот на активни ковид – случаи е 706, од кои најмногу во Кочани – 173, во Штип – 158 и во Делчево – 135. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена вклучувајќи го повторно и Пехчево каде има 11 активни ковид – случаи.
Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера, во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001.
Ребека Спасова МНет