
Сите средни училиште во Штип, денес полагаат втор дел матура. Испитот се одвива на локации Капус 2 и Камус 4, а истиот започна точно во 10 часот утринава. Матурантите денеска полагаат во зависност од нивниот избор, дали тоа математика или пак странски јазик. За сега сите процедури за безбедно и регуларно спроведување се почитуваат – од проверка на лична документација, до електронски надзор и присуство на надворешни набљудувачи. Според информациите од училиштата, досега не се забележани никакви неправилности.
,,Во тек е полагањето на вториот испит од матурата, денеска учениците во зависност од тоа што одбрале полагаат англиски јазик и математика.“, рече Шалева
Покрај од штипската гимназија Славчо Стојменски и средното стручно Коле Нехтенин, денес и од Средното медицинско училиште Јане Сандански, како и средното текстилно Димитар Мирасчиев, рекоа дека полагањето почна на време и се се одвива во најдобар ред.
Со многу работа зад себе и уште повеќе соништа пред себе, тие денес не само што решаваат задачи, туку прават чекор поблиску до своите цели. Сите директори од училиштата денес им посакува среќа и успех за иднината која ги чека.
Иван Митев, М-Нет