
Производен погон со три производни линии и два магацини, целосно изгореа во огнот што ја проголта фабриката Винчини во саботата во Виница. Во пожарот повредени се вкупно 16 лица., меѓу кои- пожарникари и девет вработени. Дел вдишале чад, а неколкумина се со полесни изгореници. Сите се хоспитализирани во болниците во Кочани и Скопје, а тим од компанијата вчера им изрази поддршка.Пожарот и после два дена од избувнувањето е сè уште активен на две места со помал интензитет и според надлежните служби нема ризик за дополнително проширување.
Надлежните институции веќе работат на проценките за причините и последиците од пожарот, а причината за истот се истражуваат. Како што истакнаа сопствениците на социјалните мрежи, во моментот се прават напори за да вработените се работно ангажираат со цел да се задржат нивните работни места.
ТЕЛОП:
,,Фабриката Винчини ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа. И тоа пак во Виница. Но потребно ни е време за тоа, време во кое ќе мораме да направиме план за консолидација на производните линии кои останаа во функција, а со крајна цел сите вработени кои физички ги изгубија своите работните позиции да ги прераспоредиме на други производни линии и да успееме да ги задржиме сите вработени на работа. Заедно со Стопанската комора и сите ланци на маркети ќе направиме напори и ќе дадеме сè од себе да успееме, вработените да ги работно ангажираме со цел да ги задржиме работните места. “, стои во нивното соопштение
Инаку, големиот пожар настана во саботата околу 18:30 часот и во кој во целост изгоре еден производен погон со три модерни софистицирани автоматизирани линии за производство на наполитанки, вафел барови и тортички, заедно со два магацини од кои еден за суровини и еден за готови производи во главна кондиторска фабрика Винчини во Виница.
Иван Митев, М-Нет