
Со огромна почит кон турските студенти, УГД Штип денесго пречека 27. симпозиум на турската култура, кој се одржа како дел од манифестацијата „Пролетни веселби“. Оваа традиција трае повеќе од 30 години, а годинава, за прв пат, македонската јавност има можност да го доживее симпозиумот во неговата целост. Негувањето, истражувањето, промовирањето на турската култура во Македонија и светот, дел од точките на кои се разговараше со студентите.
,,Денеска филолошкиот факулт при УГД Штип е коорганизатор на 27 симпозиум на турската култура, што е составен дел од една поширока манифестација на пролетни веселби, кои што се организираат по 32 пат, а кај нас се оддржува само научен симпозиум, така што ние се вклучивме како коорганизатор на оваа манифестација.“, рече Караниколова Чочоровска
Maкедонските обичаи и фолклор се тесно поврзани и преплетени со турските, рече претседателот на овој симпозиум Селим Тахир, истакнувајќи дела истите даваат поттик за меѓусебна соработка и дружба.
,,Главната цел на овој симпозиум е негување, истражување, промовирање на турската култура, како во Македонија, така и пошироко на балканот, па дури и на светско ниво. Како во јазикот, така и во самите обичаи, култура, самиот фолклор има многу испреплетени работи, што ни давам поттик за оваа мегусебна соработка, дружење.“, истакна Тахир
Во центарот на овој фестивал, кој е од голема важност за турската нација е празнување на Хдрелез, кој се одбележува на истиот датум, кога граѓаните на Македонија го одвележуваат Св. Ѓорѓи.
Настанот се оддржа на филилошкиот факултет при УГД Штип капус 4, а на истиот присуствуваа студентите на факултетот со цел запознавање со културата на Р.Турција и нејзините специфични обичаи, кои се тесно поврзани со Македонија.
Иван Митев, М-Нет