Симе Ефремов е новиот физиотерапевт на Брегалница на местото на Влатко Китановски

Фудбалскиот клуб Брегалница доживеа висок пораз од тетовска Ренова во која сепак резултатот изгледа превисок во однос на силите на теренот. Брегалница веќе подолг период настапува без тројца можеби клучни играчи во имињата на Андреј Кудијан, Владимир Дујовски и Даниел Мојсов што и те како се осеќа во играта на штипскиот прволигаш. Точно е дека има голема конкуренција на квалитетни играчи, но сепак едно е кога во преодниот период се форсира еден тим а повредите кај некои клучни играчи придонесуваат за реметење на тактичната поставеност на играта. Ново кај Брегалница е тоа што досегашниот мошне успешен и квалитетен физиотерапевт, Влатко Китановски поради презафетеност со професионалните обврски пријателски се раздели со раководството и со играчите, заблагодарувајќи се за досегашната успешна соработка и посакувајќи успех на клубот и секако помалку работа на лекарскиот тим. Во Тетово на мечот Ренова – Брегалница на неговото место за прв пат се најде новиот физиотерапевт Симе Ефремов кој ќе ја продолжи улогата заедно со досегашниот лекар Д-р Ѓорги Стојчев. Инаку поради репрезентативните обврски на селекцијата на Македонија – ( Средби Лихтенштајн – Македонија на 8.10 и Македонија – Германија на 11.10.2021 г.) доаѓа до промена на термините на одигрувањето на натпреварите и наместо во недела средбите од 9 коло ќе се одиграаат во сабота на 2 октомври. На градскиот стадион во Штип со почеток во 15.00 часот ќе се сретнат екипите на Брегалница и на Струга Трим Лум.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk