Силен земјотрес во јужен Иран

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди јужен Иран, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил почувствуван и во Обединетите Арапски Емирати.

Потресот се случил на длабочина од десет километри, а на околу 88 километри северозападно од градот Рас ал-Каима во Обединетите Арапски Емирати, пренесува Ројтерс.

Текстот Силен земјотрес во јужен Иран е превземен од МАКФАКС.