
По три одиграни кола во Првата лига има неколку екипи кои веќе се одвојуваат од опасниот дел на табелата кој води кон Втора лига.
Силекс и Струга Трим Лум по три кола имаат максимални девет бодови на своето конто. Двата поранешни шампиони тргнаа одлично во новата сезона, а повеќе од јасно е дека ќе целат кон титула.
Актуелниот шампион Шкендија, освојувачот на Купот, Вардар, како и новиот прволигаш Башкими од Куманово имаат по седум бодови на своите конта или по две победи и едно реми.
Башкими одлично ја отвори новата сезона, а освојувачот на Купот на Македонија од сезона 2004/2005 сигурно е дека ќе цели и кон висок пласман откако ги совлада Работнички и Тиквеш во низа со одлична игра.
Пелистер после големиот пораз од Вардар на стартот од новата сезона врза две победи во низа и има шест бодови на своето конто и е пласиран во моментот на средината од табелата односно на шестото место.
Дебитантот Арсими има две ремија и еден пораз и два бодови на своето конто и седма позиција, а пак по еден бод имааат Тиквеш, Работнички и Брера Струмица.
По три одиграни кола во фудбалската елита на Македонија без бодови се екипи на Македонија ЃП и Шкупи.
Поради крањето на лигата борбата за опстанок ќе биде силна, екипи на 12-тото, 11-тото и 10-тото место испаѓаат директно во Втора лига, а пак екипите на деветтото и осмото место ќе играат бараж за опстанок во Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет