
ФК Силекс продолжува со кадровското екипирање пред продолжението на сезоната, откако клубот официјално го претстави новото засилување во средниот ред – Мирза Делимеѓац.
26-годишниот фудбалер во Кратово пристигнува од српскиот прволигаш ФК Јединство Уб, каде што настапуваше во есенската полусезона од Првата српска лига. Делимеѓац таму забележа 12 настапи и постигна еден погодок, потврдувајќи ја својата стабилност и корисност во средината на теренот.
Српскиот интернационалец зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи во клубови од Албанија, Бугарија, Сингапур, Србија и Босна и Херцеговина, што се очекува да донесе дополнителен квалитет и широчина во играта на Силекс.
Од клубот изразија задоволство од ангажманот и му посакаа топло добредојде на новиот фудбалер, со очекување Делимеѓац брзо да се вклопи и да даде значаен придонес во борбата за клупските цели.