Силекс го врати Стефан Милосављевиќ, кој го промовираше како петто ново засилување

Кратовски Силекс денес го промовираше петтото засилување за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига. Ново име во таборот на Силекс е Стефан Милосављевиќ. Офанзивниот фудбалер за врска и во минатото беше дел од Силекс, кога во јули 2018 година пристигна во Кратово, но по нецели два месеци се пресели во српска Мачва.

Српскиот фудбалер овој пат во Кратово доаѓа од Рад, а има настапувано и за Младост, НОви Пазар, Раднички, Мачва, Младост, Земун, Бивоље и Земун.

Претходно Силекс се засили со Марко Ѓорѓиевски, Халил Мухаремовиќ, Хамза Рамани и Никола Ристески.