
Се уште се бара исчезнатото лице од Лозово кое не се вратило дома од работа во Скопје. Од семејството ни испратија негова фотографија и ги замолуваат граѓаните доколку некој го видел да се јави во полиција.
Имено, на 12.09.2025 во Полициската станица Свети Николе, Д.М.(43) од с.Лозово, светиниколско, пријави дека на 24.07.2025 нејзиниот брат Д.М.(46) заминал на работа во Скопје и оттогаш не се јавил, ниту се вратил во домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.