
Почнаа активности за хортикултурно и партерно уредување на запуштениот простор меѓу улиците „Сремски фронт“ и „Борис Крајгер“ во населбата Сењак во Штип. На местото на поранешните диви лимени гаражи, граѓаните наскоро ќе добијат модерен парк и нов паркинг простор. Градоначалникот Иван Јорданов рече дека проект има за цел целосно да го разубави секојдневието на жителите во овој дел од градот. За реализација на оваа модерна трансформација, Општина Штип од сопствениот буџет инвестира 5,5 милиони денари.
,,Се наоѓаме со работни активносати во населбата Сењак. Станува збор за локација која хорти-културно и партерно ќе се уредува. Тоа помеѓу улиците Сремски фронт ио Борис Крајгер – станбени згради. Јавна површина, која во минатото не била соодветно истретирена и уредена. Поголем дел од јавната површина во минатото била узурпирана со времени објекти, лимени гаражи и несоодветна содржина. Во изминатите неколку недели и месеци, морам да изразам благодарност за совеста до сите станари од околните станбени згради кои самоиницијативно ги одстранија времените објекти, кои самоиницијативно ги одстранија времените објекти, кои биле синоним за едно мианто време, затоа што Штип мора да се развива и обновуува. Самоиницијативно ги одстранија времените објекти со цел да се разубави овој дел на градот, нивно секојдневие, кое верувам ќе прерасне во еден убав парк, место за паркирање возила, сетоа она кое што го предивува проектот, за кој општината изводи 5,5 милиони денари.“, вели Јорданов
Освен ова, Јорданов рече на на ова место е предвидено да има зеленило, урбана опрема, многу клупи, садници, како и целосно осветлување, за да станарите имаат свое урбано катче
,,Oвде е предвидено зеленило, хоритукултурно уредување, урбана оипрема, многу клупи, садници, целосно осветлување, сетоа она кое му е потребно на едно урбано катче, кое го заслужуваат станарите и жителите на Општината Штип.“, вели Јорданов
Инаку, градоначалникот Јорданов потенцираше дека со обновување и реконструкции ќе се продолжи и во деновите пред нас , на сетоа она кое што не е завршено во минатото.
Иван Митев, М-Нет