Се реконструира СРЦ „Автокоманда“ во Штип, ќе се постави урбана опрема и детски реквизити

Поставен првиот слој тартан подлога на кошаркарското игралиште во штипска Автокоманда. Во наредниот период ќе се работи на поставување нова урбана опрема, уредување на фудбалскиот терен и поставување на нови детски реквизити. Издвоени се над еден милион денари од Буџетот на Општина Штип за реконструкција на овој спортско рекреативен центар, кој ќе може да се користи од страна на спортистите, но и сие граѓани.

„Откако е направен овој цетар пред осум години досега не бил реконстуиран. Веќе започнавме со реконструкција на терените, конкретно на кошаркарскиот терен. Денеска се нанесуваше првиот слој тартан подлога, потоа ќе се заменат старите кошеви. Поставени се и детски реквизити, че се поставуваат и во наредниот период на остатокот од оваа површина, соодветна урбана опрема и реконструкција на фудбалското игралиште“ – вели Јорданов.

Освен спортско рекреативниот центар во Автокоманда во наредниот период ќе бидат обновени сите детски и спортски игралишта во центарот и проградските населби во Штип.

„До крајот на оваа година ќе бидат реконструирани, обновени генерално сите спортски терени и детски катчиња во Штип“ – додава Јорданов.

Во наредниот период се планираат и нови места кои се запуштени да бидат уредени, со зелени површини, детски и спортски игралиштата со цел подобар живот за граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет