Се разгорува битката за опстанок во Прва лига: Неколку екипи загрозени за опстанок во елитата, кои екипи ќе испаднат?

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Пролетната битка за опстанок во Првата македонска фудбалска лига се разгорува, неколку екипи во неизвесна ситуација кога е во прашање опстанокот во елитата.

Повеќе екипи се загрозени. Воска Спорт е на дното со 22 бодови, а пак Тиквеш е претпоследен со 23 бодови, овие две екипи се во зоната за директно испаѓање. Во бараж зоната е Беса со 24 бодови, а толку има и Брера која на деветото место или во зоната за директен опстанок.

Овие екипи се најмногу загрозени кога е во прашање опстанокот во елитата.

Пелистер влезе во резултатска криза со три порази во низа и се наоѓа на осмото место со 29 бодови, а од друга страна Вардар кој влезе во победничка форма е на седмото место исто така со 29 бодови и сега е во ситиација да го напаѓа и шестото место на табелата каде што е Шкупи со 33 бодови.

Битката за титулата продолжуваат да ја водат Шкендија која е водечкасо 59 бодови и Силекс кој е втор со 55 бодови на своето конто.

Во однос на самата табела екипата на Работнички е трета со 49 бодови, а пка Гостивар е на четвртото место со 47 бодови, додека актуелниот шампион Струга Трим Лум е на петото место со 45 бодови.

Александар Ванев, М-Нет