
Поради поголем дефект на Линија 1, без вода ќе останат повисоките места во Штип. ЈП Исар извести дека, локацијата на дефектот е под филтер станицата на ЈП Исар, поточно во населбата Дузлак. Во консултација со службите на ЈП Исар, санацијата на дефектот треба да трае од 6 до 8 часа. Од овие причини ЈП Исар реши за граѓаните да обезбеди техничка вода од цистерна. Цистерната ќе биде на три пункта/ локации:
- Од 12 до 13 часот цистерна ќе биде поставена на ул. Христијан Карпош кај спортското игралиште.
- Од 13 до 14 часот, цистерната ќе биде поставена на ул. Радански пат во близина на продавница Палестина.
- Од 14 до 15 часот цистерната ќе биде поставена во населбата Деснаци, во близина на спортското игралиште Суитлак.
