Се пие ли летно време чај, дедо Дане од Штип со препораки за граѓаните да консумираат чај цела година

Кантарион, мајчина душичка, липа, нане се најбараните чаеви кои се консумираат летниот период. Штипјанецот дедо Дане вели иако е жешко и температурите се високи, сепак консумирањето на чај е најдобра опција за граѓаните. Вели дека се купува чајот, а граѓаните добиваат и рецепт како да го користат истиот.

„Се пие, и многу е поубаво, оти летото чајот колку е потопол толку е повкусен. Најмногу во летото се пие чај од кантарион, мајчина душа, липа. Купуваат чај летно време, ама кога го пиат не знам.“ – вели Дане.

Праксата од годините наназад покажала дека чај најмногу се купува и консумира во месеците март и април. Веќе од средината на месец мај почнува периодот кога се собира чајот по падините на планината Плачковица. Летниот е најповолен период и има најмногу чај кој може да се собере и да се продаде вели дедо Дане.

„Најмногу чај се купува март, април. Тие месеци најмногу се троше чајот. Јас со чај сум веќе 30 години. Летото го собираме, од 15 мај собираме чај по полето, во подножјето на Плачковица“ – додава дедо Дане.

Додава дека во периодот кој следи ќе собира цвет – чај кој помага за хемороиди. Препорачува чајот да се консумира во текот на целата година, бидејќи е здрав.

Лаура Стојанова М-Нет