Се намалуваат месечните и годишните цени за паркинг услугата во Штип

Почетокот на новата година носи и промени во цената на паркинг услугата во Општина Штип. Имено, од 1 јануари 2022 година ќе се намали цената на месечните и годишните талони за користење на паркинг услуга, најави денеска в.д. Директорот на ЈП „Стипион“ Игор Ефтимов.

„Од 1 Јануари 2022 година месечните и годишните талони за паркиралиште за вработени, за дистрибутери и општиот талон ќе биде намален. Тоа значи дека сите оние вработени кои плаќале 4.000 денари за годишен талон и 400 денари за месечен талон ќе плаќаат 2.000 и 200 денари за годишен и месечен талон. Сите оние дистрибутери кои плаќале 4.000 денари и 400 денари ќе плаќаат 3.000 денари и 300 денари и општиот талон кои важи за паркирање на сите места од 6.000 денари ќе биде намален на 5.000 денари“ – кажа Ефтимов.

Оваа одлука се должи на фактот дека претходно цената за наплата на овие талони била скапа за граѓаните на Штип, и поголем дел од нив не можеле да си ја дозволат истата.

„По направената анализа дека по зголемувањето на цените на талоните од претходното раководство драстично е намалена цената на месечни и годишни талони. Токму поради овие причини како јавно претпријатие одлучивме да ја намалиме цената со цел да бидат сите граѓани на Општина Штип кои сакаат да купат месечен или годишен талон да можат да си го дозволат тоа“ – додаде Ефтимов.

Претпоставките на Ефтимов според направените анализи е дека со намалување на цените на талоните ќе се зголеми продажбата на истите, со што ЈП „Стипион“ не би претрпело дополнителни загуби.

Лаура Стојанова М-Нет