Се асфалтираат три нови улици во село Радање, со што завршува градежната офанзива во Општина Карбинци

Три нови улици се асфалтираат во село Радање. Активностите на терен веќе се во тек, улиците денеска добиваат асфалтна маса со што се подобрува инфраструктурата во ова населено место во Општина Карбинци. Станува збор за активности кои се дел од проектот кој се работеше изминатиот период. Со овие три улици завршува асфалтирањето на предвидените осум улици вво повеќе населени места во општината. Градоначалникот, Виктор Паунов, од лице место посочи дека станува збор за асфалтирање на улици кои се по барање на жителите.

„Се работи на три нови улици, денес се асфалтираат овие три улици во село Радање. Со ова ќе ја заокружиме оваа градежна офанзива. Село Радање ќе добие подобрена патна инфраструктура. Ова е во делот на проектите кои ги работивме изминатиов период. Се работеше на осум улици во неколку населени места во нашата општина, а ќе продолжиме со исто тепмо и понатаму.“ – вели Паунов.

Паунов во оваа прилика истакна дека и во наредниот период ќе се работи на терен со цел да се подобри инфраструктурата во сите населени места во Општина Карбинци, а со тоа ќе се подобри и начинот на живот за овдешното население.

Лаура Стојанова, М-Нет