Семејството Пешеви од Штип по три децении доби комплетно нов тоалет, благодарение на Александар и тимот мајстори

Комплетно нов тоалет доби семејството Пешеви во Штип. По повеќе од три децении, денеска конечно семејството на убиената Емилија Пешева доби тоалет целосно опремен и ставен во употреба. Како што најави хуманитарецот Александар Горгиевски, се работеше приоритетно на изградбата на новиот тоалет и тоа е целосно завршено. Во наредниот период ќе се работи и на реновирање на собата која ќе биде на малолетниот син на Емилија.

„Прво на што требаше да се фокусираме е новто купатило. Тоа е комплетно завршено, семејството Пешеви имаат сосема ново купатило. Започнуваме со реновирање на собата за синот на сега почината Емилија.“ – вели Горгиевски.

Ова е од големо значење за семејството Пешеви, вели Слободан упатувајќи огромна благдарност до Александар и тимот мајстори кои изминатиот период работеа на новиот тоалет, а сега и за реновирање на собата.

„Ова за нас значи многу, 32 години немавме тоалет. Благодарение на Аце, целата екипа која работеше овде“ – вели Пешев.

Инаку семејството Пешеви во ноември минатата година ја изгубија нивната ќерка Емилија која беше убиена во близина на нејзиниот дом. Убиецот доби доживотна казна затвор.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет