Семенски материјал нема – сеидбата на ориз во кочанско неизвесна

Семенски материјал нема, со тоа под знак прашалник се става квалитетната сеидба и прозиводство на ориз во кочанско. Оризопроизводителите велат дека потребно е да се најде вистинско решение на нивните проблеми, а не да се создаваат само вешатчки проблеми и кризи. Ќе се бара и нова цена за оризовата арпа бидејќи како што велат минатата година имало многу помала реколта, поради доцнењето на сеидбата.

„Семенски материјал немаме, она што го имаме тоа е увезено на црно од Турција, од Италија, луѓето се снаоѓаат, се мачат макотрпно, размислуваат како да дојдат до илјада двеилјади тони семенски материјал. За да имаме квалитетен ориз, за да имаме квалитетна навремена сеидба потребна ни е држава која ќе застане рамо до рамо со нас, а не постојано да се занимаваат со некои вешташки проблми, измислуваат вешатчки кризи, а реалните проблеми со кои ние се соочуваме секојдневно се тоа стои под тепих“ – вели Ташков.

Половина од нивите остануваат не посеани, а државата ќе биде зависна од храна. Со тоа оризопроизводителите од кочанско стануваат социјано загрозени случаи, а недостатокот од хрсана дополнително ќе се почуваствува.

“Лошо ако се понасат кон земјоделците, нивите со ориз 50% нема да бидат посеани, а ние ќе бидеме се по сиромашни и храната ќебиде недостаток во Македонија како што е и во цела Европа. Сега кога може нешто да се напрви, да се договореме, ние не сме терористи, не бараме промена, само не интерсирса како да произведеме храна повеќе и да ја спасиме социјалата во Македонија“ – додаде Арсов.

Засега ситуацијата е тешка бидејќи за семенски материјал земјоделците пари даваат или од пензија или од примања од странство. Производството на ориз не е исплатливо, додаваат тие, а стравуваат дека производството на ориз ќе биде луксуз.

Лаура Стојанова М-Нет