Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите со Лихтенштајн и Велс

ФОТО: ФФМ

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите од квалификациите за Светското првенство за натпреварите со Лихтенштајн, кој се игра на 22. март во гости и за мечот со Велс кој се игра на 25. март дома.

Селекторот Милевски се одлучи да ги повика голманите Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски.

Во одбраната ќе бидат Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Стефан Ашковски, Андреј Стојчевски, Висар Муслиу, Бојан Илиевски и Ѓоко Зајков.

Во средниот ред ќе бидат капитенот Енис Барди, Јани Атанасов, Елиф Елмас, Исник Алими, Давид Бабунски, Тихомир Костадинов и Агон Елези.

Во нападот на македонската фудбалска репрезентација ќе бидат Бојан Миоски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Лирим Ќамили, Александар Трајковски, Кристијан Трапановски и Лука Станковски.

Македонија е во група со Белгија, Казахстан, Велс и Лихтенштајн.

Александар Ванев, М-Нет