Секојдневна проверка на градите пред огледало – советуваат лекарите од Штип уште на почетокот на октомври

Жените да одвојат неколку минути за преглед на градите пред огледало, по туширање, апелираат лекарите од Штип уште на почетокот на октомври. Целта е навреме да се забележи каква било промена. Оток, вдлабнување или црвенило не треба да се игнорираат, туку веднаш да се побара лекарска помош. Раното откривање е клучно, бидејќи колку порано се дијагностицира, толку побрзо може да се реагира и да се започне со лекувањето. Ова е особено важно во октомври, месецот посветен на подигнувањето на свеста за ракот на дојката.

,,Секојдневно да ги потсетуваме да си прават самопреглед,значи кога ќе се туишираат или облекуваат пред огледало, да се види дали има некои промени надворешно, она што е видливо – набртување, навлегување, некое црвенило, што може би изгледа банално, но не е . Секој симпом би значело спасување на живот и откривање на рана дијагноза што да не биде доцна.“, рече Митрова

По откривањето на болеста, најважна е поддршката за пациентите и за нивните семејства. Патот низ лекувањето е тежок и долг, па лекарите апелираат никој да не останува сам во борбата со болеста.

,,За жал кога ќе дојде до тоа се започнува ианзивното, оперативниот и потоа го поминуваат самите пациентки и нивното семејство оној трнлив пат низ ходниците на онкологија и радиотерапија, кој што и те како е мачен и долготраен. Најешко е кога ќе ја добие дијагнозата C. Се уште е табу во самата средина, сакаат овие пациенти, бидејки не се само жени, бидејки од карцином на дојка заболуваат многу помал број, мегутоа заболуваат и мажи, не се само жени и некако сакаат сами да останат со својата блест, меѓутоа и те како и треба поддршка за полесно да го поминат периодот или да се соочат или да ги надминат стравовите кои што ги имаат.“, додава Митров

Месецот за подигање на свеста за ракот на дојка, кој се одржува во октомври секоја година, има за цел да го промовира скринингот и превенцијата на болеста, која секоја година погодува една од осум жени во САД и 2,3 милиони жени ширум светот. Најпознат по својата розова боја како тема, месецот содржи голем број кампањи и програми.

Иван Митев, М-Нет