Секоја ноќ жителите на населбата Баби во Штип немаат мирен сон, хулиганските однесувања таму се секојдневие

Дивеењето на младите во доцните часови во населбата Баби во Штип, предизвика лавина реакции на жителите на населбата. Од кршење на стаклени алкохолни пијалоци и хулигански однесувања, жителите секоја ноќ не можат око да склопат. Кога излегуваме наутро местото е расфрлано и нечисто, велат тие и додаваат дека ваквата ситуација станува небезбедна.

“Овде не се знае што се работи навечер, тоа е тука чудо. Тука кога доаѓаме наутро се е расфрлано. Шишиња стаклени кршени и тоа да не можеме да седнеме, не е безбедно овде во населба Баби.“, велат жителите

“Да, мене ме нападнаа, тука е дрогирање. Се соблекуваат голи и овде сe дрогираат. Од 68 година сум овде, ама ова е срамота што се работи. Овде во Баби, најкриминалско место е.“ , велат жителите

Со ваквата ситуација покрај целиот неред, дел од жителите на населбата велат дека навечер стравуваат дури да извадат средства од банкоматите, па затоа истакнаа дека се упатуваат во централните.

“Еве да направат нешто институциите, оти овде е опасно. Не, од овде не вадам, тука е кримилиаство, а сега тие спијат.“, додаваат жителите

“Жена ако дојде да си изваде пари, не смее, овде се постојано машки лица“, истакнаа жителите

“Значи не е безбедно, овде треба да има 24 часа полиција, за да видат како се работи и што се работи“, велат жителите

“Јас одам во банката во градот си зимам, од како работи банката, јас си зимам од таму“

Во согласност со ситуацијата, ваквото однесување се должи на недоволна култура и цивилизација, што го додава фактот дека целиот воспитен систем најпрво започнува од дома и е основа по која ќе се темели натамошното стекнување на култура и цивилизација.

Лаура Стојанова, М-Нет