
По вчерашната сообраќајна незгода на експресниот пат Штип Радовиш во кој животот го загубија две лица, СВР Штип излезе со детали за истата.
Впрочем, На 20.06.2021 во 14.10 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на нас.„Три чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота корола“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.И.(39) од Битола и патничко возило „хонда ЦВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(40) од Велес. Од екипа на Итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата. Во незгодата со повреди се здобил и сопатникот од возилото „тојота корола“, Б.К.(30) од Кочани, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телата на почнатите биле дадени на обдукција. Во незгодата присуствувала и екипа од Територијалната противпожарна единица Штип со едно возило и 4 пожарникари информираат од таму.
Во периодот од 14.45 до 20.00 часот сообраќајот бил пренасочен по магистралниот пат Штип-Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет