
Дневната ковид статистика бележи три новозаразени пациенти од Ковид 19 во државата од направени 1601 тестирање информираат од Министерството за здравство. Сите три новоинфицирани лица се од Скопје. Во меѓувреме пријавени се и две починати лица на 75 и 76 годишна возраст од Скопје и Куманово, а регистрирани се 15 оздравени пациенти.
Според информациите од Министерството за здравство Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.
Од друга страна Во регионот, најголем број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 на 100 илјади жители се регистрирани во Босна и Херцеговина (БиХ), по што следи С. Македонија и Црна Гора.
Во БиХ има 267 смртни случаи на 100.000 жители, 263 во Северна Македонија, 255 во Црна Гора, 212 во Словенија, 200 во Хрватска, 125 во Косово, 100 во Србија и 85 во Албанија, пишува МИНА.
Во Општините од Источниот дел од државата моментално активни се 9 случаи на ковид 19, од кои 4 во Виница, 3 во Кочани, по еден случај во Штип и Делчево. Берово, Пехчево, Пробишти и Македонска Каменица се градови во кои нема ниту еден активен случај на корона вирусот.
Лаура Стојанова М-Нет