Свечено се отвори 61 издание на ДАФ во Кочани

Започна 61 издание на драмскиот аматерски фестивал во Кочани. Градоначалникот Љупчо Папазов во оваа прилика посочи дека чувствува празнина бидејќи на овогодинешниот фестивал нема да се одигра претстава од Кочани. Воедно посочи апел до драмската академска фела, да се свртат кон местото каде ги започнале своите почетоци

„Драмскиот аматерски фестивал влегува во првата година од седмата деценија. Кочани знае да ја цени уметноста, знае да создаде историја од овој настан. Во репертоарот на овогодинешниот фестивал чувствувам мала празнина, немаме претстава од нашиот град. Затоа упатувам апел до академската и театарската драмска фела која успешно ја гради кариерата низ Македонија, да фрлат по еден мал поглед на сценатта на кои ги направиле првите чекори.“ изјави Папазов

Со гордост овој фестивал влегува во седмата деценија. Доколку продолжи оваа традиција во 2063 година ќе се прослават јубилејни 100 години каде фестивалот ќе влезе во второто стоелите.

„Знаеме што сме не знаеме што можеме да бидеме“, знаеме дека имаме 61 година. влеговме во 7 деценија знам дека во 2063 ќе ја прославиме 100 годишнината и ќе влеземе во второто столетие.“ вели Папазов

Од вечерва па се до сабота заинтересираните граѓани можат да ги проследат претставите во три термини

„Од вечерва па се до сабота ве покануваме во три термини од денот да сте рефелксијата на младите аматери,актери кои со нетрпение очекуваат да ги видите нивните театарски креации“ посочи Атанасова-Арсова

Фестивалот ќе трае 6 дена, каде ќе се одиграат претстави од Македонија и Србија. Вкупната бројка изнесува 16 од вкупно 30 за оваа година поради огромниот интерес.

Лаура Стојанова, М-нет