
Наместо полна сала, грмогласни аплаузи и незаборавни моменти, во штипскиот театар остана само молк и празнина . Смртта на директорот Стевановски во кочанската дискотека, длабоко ја чувствуваат вработените. Иако денес меѓународниот ден на театарот, сепак годинава сцената без актери, а столчињата без публика. И не само театарот, туку и домот на културата е исто пуст. 7 те дена на жалост, се само соочување со трагедијата, но не и време за оджалостување. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков на социјалните мрежи на сите уметници им го честита светскиот ден на театарот истакнувајки дека македонската нација е со богата културна традиција, па затоа тетатрот е должност да се поддржува и негува. Тој истакна дека секогаш треба да се создаваат услови за развој на театарското творештво, со што ќе се поддржат уметниците, кои преку своите дела внесуваат светлина и мудрост во животот на луѓето.
,,Театарот е гласот на колективното искуство, жив организам што го пулсира ритамот на времето.
Од античките трагедии до модерните експериментални дела, театарот сведочи за нашата вечна потрага по разбирање. Преку секоја реплика, движење и молк, тој не потсетува дека човечката приказна е најмоќната форма на комуникација.
Токму на театарската сцена, зборот добива тежина, емоцијата станува опиплива, а вистината прозвучува во секој агол. Театарот, не само што ја потенцира важноста на непосредниот контакт, туку и неуморно не повикува да размислуваме, да чувствуваме и да делуваме.
Како нација со богата културна традиција, наша е должноста да го поддржуваме и негуваме театарот. Да создадеме услови за развој на театарското творештво, да ги поддржиме уметниците кои преку своите дела внесуваат светлина и мудрост во нашите животи.“, вели министерот Љутков
Инаку последните гостувања на Стефановски се во почетокот на март во М-Нет телевизија во емисијата зум анализа. Согласно неговата изјава, тој беше најавил редица на работи активности како во домот на културата, така и во штипскиот театар.
Иван Митев, М-Нет