Свети Николе доби нов уреден парк, простор за велосипедисти и за возачи на мотори

Нов целосно уреден и осветлен прак добива Општина Свети Николе. Некогаш темниот и осамен простор денеска е уреден за возачите на велосипеди, но и за возачите на мотори. Проектот кој е пред завршување беше презентиран на Денот на ослободувањето на градот, 14 септември.

„Овој нов парк, така се вика во Свети Николе, порано беше едно ругло, темно место каде се правеа непристојни работи. Во претходниот период изградивме модерен парк каде младите возачи на велосипеди ќе уживаат во своето слободно време. Паралелно со тоа го изградивме и моторечкиот парк, а ваков има само на уште три места во државата“ – вели Владев.

Увид во овој проект изврши и Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и во останати проекти кои се завршени или се во крајна фаза на завршување. Во оваа прилика, Мицкоски најави и низа други проекти на кои ќе се работи наредниот период.

„Проекти кои се дел од програмата и беа презентирани пред светиниколчани за време на изборите. Навистина можам да кажам дека и покрајс ите опструкции и целиот притисок кој Општина Свети Николе го почувствува од страна на Владата на ДУИ и СДСМ, сепак заедно со дел од советниците, администрацијата се реализира што е можно повеќе за жителите на Свети Николе“ – вели Мицкоски.

Владев ги посочи и проектите кои веќе се завршени во Свети Николе. Во наредните неколку месеци треба да биде готов и миниамфи театарот.

Лаура Стојанова М-Нет