
Со низа активности, натпревари, програма за најмалите и повозрасни ДПД Кочани во сабота ќе слави две години од своето постоење. Настаните започнуваат во 11 часот, кога е предвиден старт на натпреварот кој ќе се реализира на четири локации, а ќе се натпреваруваат и децата од петто одделение. Забавниот дел од програмата продолжува по 17 часот кога учество ќе земат и дечињата од детските градинки во Кочани.
„Во рамки на овој настан ќе се одржат првите противпожарни доброволни игри. Игрите е предвидено да бидат на четири локации, со четири различни вежби, со различна тематика. Предвидовме и натпревар за најмалите, однонсо за децата од петто одделение од основните училишта и со тоа сакаме да покажеме колку нашата работа е значајна, со што се ние занимаваме“ – вели Илијев.
Во оваа прилика Илијев ги покани граѓани да бидат дел од прославата на вториот роденден на ДПД Кочани, да се запознаат со работата на пожарникарите и да уживаат во предвидените настани.
Лаура Стојанова М-Нет