
Вчера вечер во 22.10 часот на ул.Партизанска“ полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода М.Ѓ.(51) од Свети Николе, кој бил во алкохолизирана состојба поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опсаност“, така што во помошната просторија од куќа на ул.„Партизанска“ во негова сопственост запалил оган при што опожарена била кровната конструкција. Пожарот бил изгаснат од противпожарна единица од Свети Николе. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Свети Николе.