
Свежи јагоди под цена од 100 денари започна да се продава на штипскиот пазар. Непрскани, чувани под фолија на прилагодна температура и само наводнувани, пред да пристигнат на тезгите во Штип. Производителите велат дека овој производ не е тежок за работа, ама тешко дека млад ќе остане во нива под фолија со мотика во рака.
Oд свежите јагоди, домакинките често знаат да си прават и слатко, но и мармалад. Цената и слабото производство, денес причина за да тоа се купи од продавница.
Јагодите се особено богати со антиоксиданси, како што се витамин Ц, флавоноиди и фенолни киселини. Антиоксидансите кои се наоѓаат во јагодите се поврзани со намалување на воспалението. Со нивното конзумирање, се избегнува заболувањето од срцеви заболувања, се подобрува здравјето на мозокот, го подобрува варењето на храната, ја подобрува контролата на шеќерот.
Иван Митев, М-Нет