Во тек се обуки на лекари во Кочани кои ќе им помагаат на повредените од пожарот во дискотеката

Тимови од Штип се на обуки во кочанската Општа болница со цел да може да и помагаат на повредните од пожарот во Кочани. Обуките ги вршат искусни колеги лекари, а целта е докторите да бидат обучени и да може да се врши рехабилитација на повредените кои ќе се вратат од лекување од странсво. Како што посочи раководителот на Одделението за физикална терапија при КБ Штип, доктор Никола Костадинов, обуките траат веќе две недели, а повредените ќе се лекуваат долго.

„Обуките траат веќе две недели, тоа се обуки каде нашите искусни колеги ги предаваат своите знаења на нас. Интезивен процес на рехабилитација , почнуваме веднаш откако ќе бидат примени кај нас. Овој процес трае долго време, може да трае и до две години, кај овие пациенти имаме повеќе дијагнози, најчести се изгорениците, често имаме и фрактури“ – вели Костадинов.

Министерот за здравство и претходно истакна дека обучени тимови од пластични хирурзи ќе бидат во Кочани со цел повредените од пожарот во Кочани да може да одат на преврски во кочанската Општа болница, а не да патуваат до Скопје.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет