
50 ковид пациенти имаат потреба од болничко лекување и се сместени во модуларната ковид – болница во Штип и на Кожното одделение, кое функционира како ковид – оддел. Од нив, 40 се во модуларната болница и 10 на Кожното одделение. Во последните 24 часа новопримени се 4 пациентa, а 3 се отпишани. Од хоспитализираните 50, 24 се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 14 пациенти. Во изминатото деноноќие направени се 58 амбулантски прегледи. Слободни се само 6 места во модуларната ковид – болница, а Кожното одделение е без слободен ковид – кревет. Едно лице не ја преживеало битката со Kовид – 19 и починало во штипската болница, информираше портпаролот на болницата, Марина Шуманска.
Во Кочани сè уште нема најава за отворање на модуларната ковид – болница, а работи Интерното одделение како ковид – центар.
Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера, во земјата се направени вкупно 1.211.959 тестирања на Ковид – 19. Вкупната бројка на КОВИД – дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166.
Лаура Стојанова МНет