Салата и сезонско овошје – граѓаните по празниците без пари, но продавачите задоволни од пазарот во Штип

Ако за Божиќ се бараа и купуваа костени и ореви денеска на пазарот во Штип најмногу се купуваше салата и сезонско овошје. Домати и краставици, зелка, цвекло, како и мандарини беа најтрошените производи. Празничен петок, продавачите велат иако побарувачката е намалена оти граѓаните се потрошиле за празниците сепак пазарот е задоволителен. Единствен проблем кои и денеска загрижува е што веќе нема кој да работи.

„Малку послабо, дали се истрошија за празниците не знам ама побарувачката е малку послаба. Повеќе се зема морков, компир, домати, краставици.“ – велат продавачите.

За купувачите скапо и денеска, се трошат последните пари кои останале од празниците. Но, велат за салата и овошје има по некој денар.

„Останаа параи по малку. Ама еве мора да се купи компир, тиква, тоа.“ – велат купувачите.

Продавачите очекуваат побарувачката да се зголеми во наредниот период, а дополнително да се збогатат тезгите со ново производство.

Лаура Стојанова М-Нет