
Ракометниот клуб Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш, со што искусниот лев бек добива слобода во изборот на својата следна средина.
Борозан во периодот поминат во дресот на „црвено-црните“ настапи на повеќе значајни натпревари на домашната и европската сцена, каде со својот квалитет, професионализам и искуство даде забележителен придонес во функционирањето и резултатите на екипата.
Од таборот на Вардар изразија благодарност за неговиот ангажман и коректната соработка, посакувајќи му многу успех, здравје и среќа во понатамошниот тек од кариерата.
Во наредниот период се очекува да биде познато каде Борозан ќе ја продолжи својата играчка кариера, додека Вардар паралелно продолжува со активностите околу комплетирање на ростерот за претстојните предизвици на домашната и меѓународната сцена.